Од вечерва (22 јануари) до 5 февруари во Скопје ќе се одржи зимското издание на Мрежата на фестивали на Јадранскиот Регион. Во Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска, Словенија и Македонија, беслатно ќе играат наградни регионални филмови, во кината и онлајн.
Вечерва (22 јануари) од 19 часот во киното „Синеплекс“ во Скопје, ќе се игра „Мајка Мара“ (фото) во режија на Мирјана Карановиќ која ја игра и главната улога. Карановиќ ќе присуствува на проекцијата заедно со актерот Вучиќ Перовиќ и кинематограферот Игор Маровиќ.
На програмата се и „Ријека или смрт“ (Fiume o morte!)“ на Игор Безиновиќ Најмногу ја освои наградата за европски документарец, „Семејна терапија“ од Соња Просенц, „По летото“ на Данис Тановиќ, „Живи и здрави“ од Иван Мариновиќ и „Планета 769“.
Бесплатните проекции се во Скопје, Белград, Сараево, Загреб, Љубљана и Херцег Нови, сите филмови ќе бидат објавени онлајн од 23 јануари преку платформата ondemand.kinomeetingpoint.ba.
Ова е четврто зимско издание на Фестивалската мрежа на Јадранскиот Регион, се реализира како заеднички проект на регионалните филмски фестивали во Белград, Сараево, Љубљана, Загреб, Херцег Новини и битолскиот „Браќа Манаки“.
The post СО „МАЈКА МАРА“ НА КАРАНОВИЌ ВО СКОПЈЕ ПОЧНУВААТ БЕСПЛАТНИТЕ ПРОЕКЦИИ НА ФИЛМОВИ ОД ЈАДРАНСКИОТ РЕГИОН се појави прв на СМАРТ – СДК МК.