Во дербито на 23-то коло од англиското фудбалско првенство, Манчестер Јунајтед го победи водечкиот Арсенал со 3:2 како гостин и скокна на четвртото место.
Домашниот тим поведе со автогол на Мартинез (29), кој беше погоден од топка испратена кон голот од Одегард, но на полувремето се отиде со резутлатот 1:1 бидејќи Мбеумо (37) го искористи подарокот од Зубименди, кој непровоцирано му ја додаде топката директно во неговите нозе.
На почетокот од вториот дел Доргу (50) му донесе водство на Јунајтед со фантастичен удар од повеќе од 20 метри, за во завршницата да бидат постигнати уште два погодока. Прво, Мерино (84) успеа да израмни на 2:2 од мешаница во гостинскиот шеснаесетник, но набрзо потоа Куња (87) им ја врати предноста на гостите со уште еден прекрасен гол.
По првиот пораз сезонава, лидерот Арсенал остана на 50 бода, четири повеќе од второпласираниот Манчестер Сити и третопласираната Астон Вила, додека Манчестер Јунајтед е четврти со 38 бода, еден повеќе од петтопласираниот Челзи и два од шестопласираниот Ливерпул.
Третопласираната Астон Вила претходно во неделата го победи Њукасл Јунајтед со 2:0 на гостински терен. Вила стаса до новите три бода преку погодоците на Буендија (19) и Воткинс (88).
Астон Вила сега има 46 бода, а Њукасл е деветти со 33 бода.
Челзи скокна на петтото место со победата од 3:1 на гостински терен кај Кристал Палас. Естевао (34), Жоао Педро (50) и Фернандез (64 од пенал) ги искористија грешките на домашниот тим за да постигнат голови за водство од 3:0, пред Ричардс (88) да постигне гол во последната минута и да го ублажи поразот.
Кристал Палас остана 15-ти со 28 бода.