На валутните пазари, вредноста на американскиот долар во однос на кошничка валути стагнира на најниските нивоа за речиси четири месеци.
Индексот на доларот, кој ја искажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, утрово е околу 97,09 поени, додека вчера во истиот период изнесуваше 97,03 поени.
Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од вчерашните 153,90 на 153,45 јени.
Американската валута, исто така, ослабе во споредба со европската, па цената на еврото достигна 1,1875 долари, додека вчера во истиот пресек од тргувањето чинеше 1,1865 долари.
Цените на нафтата, од друга страна, паднаа. На лондонскиот пазар цената на барелот утрово се лизна за 0,58 отсто, на 65,20 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот падна за 0,49 отсто, на 60,35 долари.