Македонската полиција синоќа околу полноќ презела координирана акција за апсење на наркодилери. Имено, во близина на градот Свети Николе бил пресечен транспорт на околу 200 килограми марихуана, неофицијално во возило со швајцарски ознаки.
Полициски екипи при БЈБ – МВР, составени од припадници на Организиран криминал и САЕ Тигар, блокирале три возила од кои едно со швајцарски ознаки и две со македонски ознаки односно регистарски таблици. Швајцарското возило било качено на македонски шлеп возило кое имало и претходница чистач на патот.

Според првичните неофицијални информации најверојатно станува збор за организирана криминална група која делува на територијата на Македонија, но и соседните земји.
Македонската полицијата во текот на овој месец спречува втор канал на транспорт на недозволена трговија со дрога, на почетокот на Јануари беа откриени 10 килограми кокаин во соецијално направен бункер во возило.
