Како одговорна компанија, Македонски Телеком чувствува обврска јавно да ги демантира невистинитите и неаргументирани тврдења изнесени во јавноста поврзани со постапката која се води пред надлежните институции, а произлегуваат од предметот меѓу Македонски Телеком и Фокуснет, реагираа денеска од компанијата на изенсените на разрешената апелациска судијка Наташа Савовска Димитровска и нејзиниот правен застапник, скопскиот адвокат Ѓорѓе Поп-Кочев.
Оттаму велат дека „и покрај тоа што оваа постапка според Законот за Судски совет е тајна, во јавноста беа изнесени нецелосни и неточни информации од страна на суспендираната судијка Наташа Савовска Димитровска и нејзиниот полномошник, со што јавноста се доведува во заблуда.“
„Токму поради тајноста на постапката и законските ограничувања, компанијата не е во можност да ја достави на јавен увид целосната одлуката на Републичкиот судски совет, која на 73 страници ги аргументира причините за нејзино разрешување и суспендирање“, реагираа од Македонски Телеком.
Компанијата ги појасни своите позиции во врска со предметот, повеќе од две децениски судски спор, кој Македонски Телеком го води со Фокуснет, за наводна штета што Македонски Телеком ја нанел на штипската компанија .
„Фокуснет е компанија со блокирана сметка повеќе од 20 години. И покрај тоа, Фокуснет бара милионски суми отштета, за наводно претрпена штета за бизнис кој е непостоечки. Првосетепениот суд го одбил тужбеното барање на Фокуснет и утврдил дека нема основа за наплата на штета. Во второстепената постапка по жалба на Фокуснет, Апелациониот суд во Скопје, без одржување јавна расправа ја преиначува првостепената пресуда непосредно непосредно пред судската ферија и носи одлука дека Македонски Телеком треба да исплати штета на Фокуснет од речиси 4 милиони евра“, се наведува во реакцијата на Македонски Телеком.
Компанијата спазувајжи ги законските одредби, упатила барање до Републички судски совет поради сомневањата за незаконско водење на второстепената постапка.
„Имено, во јавно објавените информации во Извештајот на комисијата за утврдување на факти при Судскиот совет од август 2024 година, утврдени се сериозни индиции за постоење на два записника поради кои Судскиот совет го алармирал Јавното обвинителство. Натаму, од страна на Комисијата за утврдување факти при Судскиот совет во август 2024 година, констатирано е дека во жалбениот предмет се најдени доверливи интерни документи на Македонсkи Телеком, кои не биле изведени како докази ниту во првостепена, ниту во второстепена постапка, ниту се јавно достапни“, велат од Македонски Телеком.
Од компанијата посочуваат дека „на ваков незаконски начин Апелациониот суд Скопје ја преиначи одлуката на првостепениот суд и на компанија со блокирани сметки повеќе од 23 години и без вработени која била пред бришење од Централниот регистер и досуди отштета од речиси 4 милиони евра.“
Македонски Телеком верува дека надлежните институции ќе постапат согласно законот и дека владеењето на правото ќе биде во целост применето.