Денеска ќе се одржи промоција на публикацијата „Стадиумите на развој на личноста во философијата на Сорен Киркегор“ од м-р Ана Петровска во издание на Филозофското друштво на Македонија. Книгата претставува прво издание од новата едиција „Филозофски истражувања“, во чиишто рамки е предвидено да се публикуваат современи студии од домашни филозофски творци.
Промотори на делото ќе бидат проф. д-р Љубомир Цуцуловски и м-р Верица Костова.
Повеќе информации за студијата на следниот линк од веб-страницата на Филозофското друштво на Македонија: https://fdm.mk/filozofski-istrazuvana/.
Настанот ќе се одржи во Културно информативниот центар – Скопје (Салон – Империјал 2) со почеток во 19 часот.