Боксерот Ален Рустемовски е спортист на Македонија за 2025 година. Освојувачот на сребрениот медал од Европското првенство до 23 години, го доби признанието на свечената манифестација која се одржа во Македонската опера и балет а организирана од Министерството за спорт и Сојузот на спортови на Македонија. Најдобра спортистка за 2025 година, пак, е Катерина Попева од бодибилдинг и фитнес.

„Оваа награда е резултат на многу работа и многу жртва. Сакам да се заблагодарам на мојот тренер и моето семејство кои се секогаш до мене, и сите луѓе кои веруваат во мене како и мојот град Битола од каде имам огромна поддршка, како и благодарност до министерот за спорт за целосната поддршка. Ветувам уште поголеми успеси во иднина“– рече Ален Рустемовски по добивањето на признанието.
Најдобра спортистка на Македонија за 2025 година е Катерина Попева од бодибилдинг и фитнес.

За најдобра спортска федерација беше прогласена Џудо федерацијата на Македонија, која организираше европско првенство во Македонија, беше прогласена од Европската федерација за најдобар организатор на настан за 2025 година.
Најдобар тренер за 2025 година беше прогласен олимпискиот медалист на Македонија, а сега тренер во борење Могамед Ибрагимов, кој како селектор соВладимир Егоров дојде до 5. место на Европското првенство во борење.
За најдобар машки спортски колектив е избрана одбојкарската репрезентација на Македонија кои се изборија за ново учество на европско првенство, а најдобар женски национален тим е ракометната сениорска репрезентација.
Најдобар плад спортист е боксерот Адријан Рустемовски.
„Горд сум на ова признание кое за мене претставува само дополнителен мотив за продолжување на успесите и понатаму“– истакна Адријан Рустемовски.
За најуспешен спортист со инвалидитет во 2025 година е избран пливачот Андреј Стојановски.
„Благодарам од срце за ова признание, кое е потврда за сиот мој труд изминативе години, но и мотив повеќе за уште поголеми успеси“– рече Андреј Стојановски по добивањето на признанието.
Специјално признание од Министерот за спорт, Борко Ристовски доби еден од најталентираните македонски спортисти, младиот пливач Петар Цеков.

НАЈДОБРИТЕ ВО СПОРТОТ ЗА 2025
НАЈДОБАР СПОРТИСТ:Ален Рустемовски (бокс)
НАЈДОБРА СПОРТИСТКА:Катерина Попева (бодибилдинг и фитнес)
НАЈУСПЕШЕН ТРЕНЕР / СЕЛЕКТОР:Могамед Ибрагимов (борење)
НАЈУСПЕШНА СПОРТСКА ФЕДЕРАЦИЈА:Џудо федерација на Македонија
НАЈУСПЕШЕН МАШКИ НАЦИОНАЛЕН ТИМ:Одбојкарска сениорска репрезентација
НАЈУСПЕШЕН ЖЕНСКИ НАЦИОНАЛЕН ТИМ:Ракометна сениорска репрезентација
НАЈДОБАР МЛАД СПОРТИСТ:Адријан Рустемовски (бокс)
НАЈДОБРА МЛАДА СПОРТИСТКА:Даниела Алексовска (бразилска џиу џицу)
НАЈУСПЕШЕН СПОРТИСТ СО ИНВАЛИДИТЕТ:Андреј Стојановски (пливање)
НАЈУСПЕШНА СПОРТСКА ЕКИПА ОД УНИВЕРЗИТЕТИТЕ:„Св. Кирил и Методиј“ – Скопје
НАЈДОБАР УЧИЛИШЕН КОЛЕКТИВ ОД СРЕДНИ УЧИЛИШТА:Гимназија „Никола Карев“ – Скопје
НАЈДОБАР УЧИЛИШЕН КОЛЕКТИВ ОД ОСНОВНИ УЧИЛИШТА:ОУ „Никола Карев“ – Кочани
СПЕЦИЈАЛНО ПРИЗНАНИЕ:Петар Цеков (пливање)
Претходно Министерството за спорт и годинава традиционално ги додели и стипендиите
„Спортска надеж“ на 500 талентирани млади спортисти, македонски
репрезентативци.
