Времето утре ќе биде променливо облачно, со умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Попладне и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд, а на повисоките планини во северозападните делови и врнежи од снег.
Во Скопје, времето ќе биде променливо облачно со умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд.
