Американскиот претседател Доналд Трамп објави воспоставување стратешки резерви на клучни минерали, со поддршка на државната банка за финансирање на извозот EXIM од 10 милијарди долари.
„Со години, американските компании беа загрозени од недостиг од стратешки важни минерали за време на периоди на нарушување на пазарот“, рече Трамп на состанокот во Овалната соба во понеделникот.
Проектот на трезорт (Project Vault) ќе ги заштити американските компании и работници од такви недостатоци, додаде американскиот претседател.
Вашингтон ќе обезбеди 10 милијарди долари преку банката EXIM за набавка и складирање на минерали, со дополнителни 2 милијарди долари приватно финансирање, рече Трамп.
Минералите ќе бидат набавени и складирани за производители на автомобили, технолошки компании и други компании, рече тој.
EXIM го објави одобрувањето на кредитот во понеделник.
Управувањето со набавките е доверено на трговските фирми „Hartree Partners“, „Traxys North America“ и „Mercuria Energy Group“, изјави за Reuters во вторникот функционер од администрацијата на Трамп запознаен со планот.
Проектот има цел да ѝ помогне на американската автомобилска индустрија, а воедно да им овозможи на компаниите да ги држат потенцијалните ризици надвор од своите биланси на состојба, додал соговорникот на агенцијата
Целта, исто така, да се воспостави итна резерва што треба да покрие 60-дневна побарувачка. Складирањето веќе започна, истакнал изворот.