За време на денешната официјалната посета на селото Дедам во округот Есекс, британскиот крал Чарлс III се соочи со свирежи и потсмевки од граѓаните поради неговиот брат принцот Ендру и неговата врска со Џефри Епстајн, објавува британскиот „Телеграф“.
При прошетката и средбата со граѓаните, дел од присутните поставија прашања за улогата на кралското семејство во истрагата поврзана со Епстајн, осуден сексуален престапник кој беше пронајден мртов во затворска ќелија во Њујорк во 2019 година.
Еден постар човек го праша Чарлс за скандалот со Епстајн, барајќи „правда“ за жртвите.
„Чарлс, Чарлс, дали вршевте притисок врз полицијата да отвори истрага против Ендру?“ праша тој, додека снимаше на својот мобилен телефон.
Британскиот крал продолжи да се движи по редот луѓе со обезбедување зад него, а полицијата го отстрани демонстрантот.
Кралот не реагираше на потсмевите и ја продолжи програмата за посета заедно со кралицата Камила.
Пред пристигнувањето на кралската двојка, печатени фотографии од принцот Ендру, неодамна објавени од Министерството за правда на САД, беа расфрлани низ селото, со пораката дека „кралското семејство не треба да биде над законот“.
Жителите и локалните службеници ги отстранија летоците пред пристигнувањето на кралот.
Бакингемската палата претходно објави дека објавувањето на фотографиите ја забрзало одлуката на поранешниот британски принц Ендру Маунтбатен, Виндзор да ја напушти резиденцијата „Кралска ложа“ и да се пресели во друг објект на имотот Сандрингам во Норфолк, кој е во сопственост на кралот.
И покрај инцидентот, официјалната посета продолжи, а кралот и кралицата се сретнаа со локалните угостители и претставници на заедницата, објави ја британските медиуми.
Кралот претходно се соочи со критики поради аферата на неговиот брат со Епштајн за време на посетата на катедралата Личфилд во Стафордшир во октомври 2025 година.