Тешка сообраќајна несреќа се случила синоќа на бул. „Октомвриска Револуција” во Куманово, кога автомобил „фолксваген голф” со кумановски таблички, управувано од 23-годишната С.В. од Куманово, удрило во седумгодишна малолетничка од Куманово.
Девојчето задобило тешки повреди, констатирани во Клиничкиот центар „Мајка Тереза” во Скопје. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Куманово.