Анимираниот филм „Јон Вардар против галаксијата“ на Гоце Цветановски неделава ќе ја има својата африканска премиера, а за првпат ќе се прикаже и во Португалија.
Африканската прокција ќе се одржува на меѓународниот филмски фестивал „Зума“ во Абуџа, главен град на Нигерија. Фестивалот е организиран од Нигериската филмска корпорација, а ова е истото 15. издание, кое се одржува под мотото: „Раскажувањето приказни и глобалното влијание: Филмот како моќно средство за економски развој“.
Прикажувањето во Нигерија дека „Јон Вардар“ е достапен на сите континенти.
Филмот се најде и во изборот на деветтиот „АнимаПИКС“ во Португалија, каде што ја забележа својата португалска премиера.
„Јон Вардар против галаксијата“ досега беше прикажан на над 40 меѓународни фестивали и освои пет награди. Сценариото и режијата се на Цветановски, арти директор е Михајло Димитриевски-Тхе Мичо, продуцент е Алан Кастиљо, а двајцата улоги ги толкуваат Жарко Димоски, Емилија Мицевска и Дамјан Цветановски.
Постот „ЈОН ВАРДАР ПРОТИВ ГАЛАКСИЈАТА“ Ќе ИМА АФРИКАНСКА ПРЕМИЕРА НА ФЕСТИВАЛ ВО НИГЕРИЈА, ФИЛМОТ СТИГНА НА СИТЕ КОНТИНЕНТИ се појави прво на СМАРТ – СДК МК.