
Иако тоа се уште не е официјализирано, што ќе се случи во наредните денови, Кристијано Роналдо и Ал Наср „подаваа“ рака со продолжување на договорот до јуни 2026 година.
Со новиот договор португалската ѕвезда ќе заработува 200 милиони евра годишно, што доаѓа до 16,5 милиони евра месечно или 500 илјади евра дневно. Како платата да не е доволна, Роналдо ќе има и 5% од акциите на саудискиот клуб.
Португалецот досега одигра 90 натпревари за Ал-Наср, постигна 82 гола и имаше 19 асистенции. Трансферот на Роналдо во Ал-Наср го отвори патот и за други познати имиња од светскиот фудбал да се приклучат на арапската лига. Иако пред неколку дена наполни 40 години, Кристијано Роналдо е најплатениот фудбалер во светот.