Синоќа во НБА се одиграа уште седум натпревари, a од нив ја издвојуваме брилијантната партија на Џамал Мареј во победата на Денвер.
Нагетс ја продолжија победничката серија со триумф во Индијанаполис против Пејсерс со 120:135.
Џамал Мареј одигра блескав натпревар и постигна неверојатни 52 поени. Тој шуттираше од поле 19/25 и речиси совршени 10/11 за три поени. Никола Јокиќ повторно беше лидер на теренот. На Србинот му фалеа два скока да заврпи со троен ефект. Јокиќ натпреваро го заврши со 24 поени, 13 асистенции и осум скока.
Овој натпревар влезе во историјата на НБА бидејќи за прв пат три различни играчи од еден тим постигнаа 50+ поени во првите 21 натпревари од сезоната. Покрај Мареј, претходно тоа го направија Јокиќ и Арон Гордон, со што Денвер испиша нова страница во лигата.
РЕЗУЛТАТИ:
Кливленд – Портланд 110:122
Орландо – Сан Антонио 112:114
Њујорк – Шарлот 119:104
Чикаго – Бруклин 103:113
Милвоки – Детроит 113:109
Далас – Мајами 118:108