Реал Мадрид оствари голема победа на гостувањето кај Атлетик Билбао, славејќи со убедливи 0:3 во 19.коло на Ла Лига.
Натпреварот донесе блескава партија на Килијан Мбапе, кој беше двоен стрелец и асистент, потврдувајќи ја својата клучна улога во „кралскиот клуб“.
Францускиот напаѓач уште во седмата минута го отвори резултатот со прецизен удар, а во 42-та минута мајсторски асистираше за голот на Камавинга. Во второто полувреме, Мбапе повторно ја пронајде мрежата и во 59-тата минута го постигна својот втор гол, со што ја заокружи доминацијата на Реал Мадрид.
Со оваа победа, Реал останува втор на табелата со 36 бода, само еден зад лидерот Барселона која претходно го совлада Атлетико Мадрид со 3:1.
Двата натпревари беа одиграни порано поради претстојниот Суперкуп на Шпанија што ќе се одржи во Саудиска Арабија на почетокот на јануари 2026. Во полуфиналето ќе следуваат истите пресметки: Барселона против Атлетико Мадрид и Реал Мадрид против Атлетик Билбао.