Наполи обезбеди место во четвртфиналето на Купот на Италија по голема драма против Каљари.
Натпреварот заврши 1:1 во регуларниот дел, а победникот беше решен дури по пенал-рулетот. Во него актуелниот шампион покажа повеќе концентрација и „нерви“.
Лоренцо Лука во 28-та минута со удар со глава ја отвори мрежата и донесе водство за Наполи. Себастијано Еспозито во 67-та минута ја искористи грешката на одбраната и донесе израмнување за Каљари.
Во продолженијата голови немаше, па пеналите станаа единственото решение. По десет серии, домашните фудбалери беа посмирени и посреќни, што им донесе пласман понатаму.
Во четвртфиналето Наполи ќе се соочи со победникот од дуелот меѓу Фиорентина и Комо.