Поранешниот македонски премиер Никола Груевски преку Фејсбук го обвини неговиот наследник на првото министерско место, Зоран Заев, дека е дволичник што тргува со руско железо и челик по дампинг-цени поради санкциите од Западот кон Русија, додека истовремено партијата што ја „остави“ ја поддржува Украина.
Во продолжение го пренесуваме постот на Никола Груевски во целост:
ДВОЛИЧНИ ДОМА, ДВОЛИЧНИ И НАДВОР
Заев и Филипче едно зборуваат дома, друго прават надвор
Во вчерашната моја фб објава со наслов “КО О ЧЕМУ, ЗАЕВ И ФИЛИПЧЕ О ПОШТЕЊУ” отворив неколку теми и ги предизвикав овие два лика од насловот да одговорат на одредени прашања и информации.
Првата тема беше околу дволичноста на Зоран Заев, познат по тоа што секогаш го води исклучиво финансискиот интерес. Лик кој оддамна во политиката се позиционираше, а така ја позиционира и од него контролираната СДСМ, а денес само формално водена од Венко Филипче, како про-украински, про-западни, про-европски и истовремено со антируски ставови.
За време на владеењето на СДСМ Македонија донираше голема количина оружје на Украина набавено од пари од буџетот на Македонија кој се полни од даноците кои ги плаќаат сите граѓани.
Поранешната министерка во владата на Заев безмалку и “објави војна” на Русија, а нејзината претходничка веќе е и заменик генерален секретар на НАТО. Сите заедно покажаа силна подготвеност доколку треба да се испрати и македонска војска во одбрана на Украина, доколку така се одлучи во НАТО или ЕУ. Познато е на јавноста и кој го инсталираше Заев на власт како марионетска влада во 2017 година.
Но, во позадина, “ербап-европеецот” спремен да прати туѓи деца на фронтот, на големо во стотици милиони рубљи секој месец врши трговија со руско железо и челик, односно купува евтино железо од Русија, чија цена е пониска заради силните западни санкции кон Русија, и прави зделки во кои сите имаат заработка, и продавачите од Русија и купувачот фирма на Заев. Така кажано со сегашниот наратив на европските лидери во политиката, тој зарадинлично богатење учествува во зајакнување финсирањето на Русија, и приватни како Заев-бизнисмен тој всушност ја финансира војната во Украина, но не Украина“, се вели во постот на Груевски.
The post Груевски од Будимпешта го обвини Заев дека тргува со руско железо и челик appeared first on NetPress.