Ерлинг Халанд и Килијан Мбапе многумина ги сметаат за наследници на Кристијано Роналдо и Лионел Меси, двајцата „канибали“ кои би можеле да создадат ново возбудливо ривалство.
Синоќа се соочија на „Етихад“, каде Норвежанецот излезе поуспешен по голови (2-1), но Манчестер Сити му се предаде на Реал Мадрид и по една недела можеше да се збогува од Лигата на шампионите.
Привремениот „триумф“ на поранешниот играч на Борусија Дортмунд не го промени мислењето на Тиери Анри, кој го смета својот сонародник ниво погоре:
„За мене, Килијан има повеќе талент и нуди повеќе решенија, може да игра на сите напаѓачки позиции“, изјави тој за CBS. „Сакам да се објаснам: тој е играч кој година и пол се обидуваше да игра како ’9’. Го проба во Пари Сен Жермен и не функционираше баш најдобро. Сега тоа го прави во Реал Мадрид, најголемиот клуб во Европа, и мора да се прилагоди на овој контекст. Халанд, пак, игра како ’9’ од почетокот на кариерата“.
„Мислевме дека тие ќе бидат двајцата момци кои ќе се обидат да се изедначат со Меси и Роналдо. Но, сега, наместо да го ценат тоа што станале, луѓето секогаш го доведуваат во прашање начинот на кој играат. Не статистиката, бидејќи тие се прекрасни во однос на головите. Можеби не се најдобрите двајца на светот, но се на врвот. Некои ќе кажат Мбапе, други ќе го преферираат Винисиус, трети Ламине Јамал. „Не е важно, само велам дека тоа не е сигурна работа, додека порано мислевме дека ќе биде.