Фудбалот се менува. Клубовите повеќе размислуваат за маркетинг и профит отколку за страста на луѓето.
Тоа го прави и УЕФА, домот на европскиот фудбал.
Според „Индипендент“, плановите на УЕФА се Лигата на шампионите да ја смени дестинацијата по осум години.
Ситуацијата целосно ќе се промени, бидејќи се работи за натпреварите кои се одржуваат во Соединетите Американски Држави.
Вклучувајќи го финалето, Лигата на шампионите нема да се одржи на европскиот континент или само делумно ќе има некои натпревари во Европа.
УЕФА има за цел да влезе на нов глобален пазар, со вртоглави профити, игнорирајќи го фактот дека не се вика ФИФА, туку УЕФА, институција поврзана со континенталниот, а не со светскиот фудбал.