Во случајот за „27 април“ 16 лица беа правосилно осудени на затворски казни кои се движеа од 7 до 16 години затвор за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.
Од првото судење па се до денес тврди дека не е винововен за кривичното дело терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, а вели дека најголема болка е кога не сте виновен, а ви велат дека сте терорист.
Ангелов беше осуден за случајот „27 април“, односно за насилниот упад во Собранието од 27 април 2017 година.
На својот фејбук профил објави симболична слика во која од неговите раце паѓаат затворските лисици, а над него лета бел гулаб, во знак на слобода.
Поради низа здравствени проблеми, тој неколку пати добиваше прекин на издржување на затворската казна, па повторно беше враќан зад решетки.