
Спортскиот директор на Баерн, Макс Еберл е иритиран од многуте прашања од новинарите за ѕвездата Флоријан Вирц. Германскиот офанзивен играч за врска е баран од баварскиот клуб или барем така се пишува со месеци.
„Доста е со ова прашање! Мислам дека не е соодветно кога играме важен натпревар во Лигата на шампионите, да ме прашувате за играч кој игра за Баер Леверкузен“.
„Нашиот тим е доста добро заокружен во нападот. Ги имаме Мајкл Олисе, Џамал Мусиала. Би можел да споменам многу квалитетни имиња што ги имаме во нападот, па доста со ова прашање. Не сме дале понуди. „Нашата работа продолжува, сè уште сме на половина пат од сезоната“, изјави Еберл.
Всушност, виновникот е иконата на Баерн, Ули Хенес, кој веќе 2-3 недели го повторува својот сон: „Сакам да го видам Флоријан Вирц во Баерн“. Единствениот проблем е што клубот за него тешко ќе плати 140 милиони евра.