Комплетирани се првите полувремиња од последните четири натпревари за денешниот плеј-оф во Лига Европа. Во вечерниот супер предизвик кој се игра на „Драгао“, помеѓу Порто и Рома, првото полувреме заврши 0-1 за жолто-црвените, кои го најдоа голот на крајот од продолжението од првото полувреме кај Челик.
Двете холандски екипи кои играа на домашен терен, двете го завршија првото полувреме со предност. Твенте победува со 1-0 против Бодо/Глимт, со голот на Љтаиф во 5. минута. ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ ГОЛИТЕ
Во следниот натпревар АЗ Алкмар победува со 2-1 против Галатасарај. За домашните Мијнанс погоди за 12′, а Парот 36′, додека за гостите Салаи привремено израмни во 20. минута. ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ ГОЛИТЕ
Во Солун ПАОК со голот на Самта во 21. минута победи со 1-0 против романската Стеауа. ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ ГОЛИТЕ