Овој четврток се одиграа првите натпревари од плеј-офот на Лига Европа. Галатасарај е поразен со 4-1 од АЗ Алкмар, во мечот што се одржа во Холандија.
90 минути полни со голови, со спектаклот кој беше присутен до последниот судиски свиреж. Во Португалија натпреварот помеѓу Порто и Рома заврши 1-1. На голот на Челик одговори Моура.
Во Конференциската лига се издвојува успехот на Бетис од 0-3 против Гент.