Берлин – Рускиот амбасадор во Германија, Сергеј Нечаев, денес предупреди дека користењето на замрзнатите руски средства за финансирање на Украина би се сметало за „кражба“ и би носело „значајни последици“.
Нечаев го изнесе својот став пред средбата меѓу германскиот канцелар Фридрих Мерц и белгискиот премиер Барт де Вевер. Тој нагласи дека секоја трансакција која вклучува руски имот без согласност на Русија ќе биде сметана за кражба.
„Јасно е дека кражбата на руски државни средства ќе има далекусежни последици“, додаде амбасадорот, пренесе фламанската телевизија VRT.