Утрово на граничните премини „Табановце“ и „Дојран“ се бележат значителни задржувања за излез од државата. Според информациите на АМСМ, на „Табановце“ се чека околу 40 минути, а на „Дојран“ околу 30 минути. На останатите премини нема подолги чекања.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, но коловозите на одредени места се влажни. Интензитетот на движење е умерен.
Намалена видливост поради густа магла утринава има на патниот правец Гајре – Попова Шапка, каде видливоста се движи меѓу 30 и 40 метри, како и на планинскиот премин Пресека, со видливост од 100 до 150 метри.
АМСМ апелира до возачите да ја прилагодат брзината, да ја почитуваат сообраќајната сигнализација и да управуваат внимателно, особено во клисурите, котлините и речните долини каде постои ризик од одрони. Најкритични делници се Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.