Денешното градско дерби помеѓу Сараево и Железничар во главниот град на Босна и Херцеговина донесе убедлива победа на тимот во дресови со бордо боја за кој играат македонските интернационалци Агон Елези и Стефан Ристовски.
Елези го даде голот за 1-0, а и тој и Ристовски го одиграа целиот меч. Македонец имаше и во поразената екипа, тоа е Матеј Цветаноски кој даваше гол на претходните два меча за Жељо, но денеска не можеше да ја спречи катастрофата.
За Сараево ова е најубедлива победа против градскиот ривал во последните 30 сезони, затоа и економот на клубот прослави со покажување на резултатот на семафорот кој служи за информирање на гледачите кој влегува, кој излегува при замените.
