Дури 26 случаи на туберкулоза се регистрирани во областа Пазарџик во централна Бугарија до крајот на ноември, јавија бугарските медиуми.
Загрижувачките бројки ги обелодени Регионалниот здравствен инспекторат по повод кампањата за превенција на туберкулозата, која почнува утре.
Во специјалната пневматолошка болница во Пазарџик ќе се вршат анкетирања и консултации за откривање нови луѓе во ризик, а оние што влегуваат во таа категорија ќе биде подложени на нови прегледи и испитувања.