Четири лица се уапсени во Лондонската кула откако била фрлена храна на витрнината со Царската државна круна, известија во саботата полицијата, а инцидентот резултирал со привремено затворање на дел од историската зграда во која се сместени кралските скапоцености.
Организацијата којашто е ативна под називот „Take Back Power“, која се опишува себеси како група којашто пружа граѓански отпор, објави снимки од инцидентот на социјалните мрежи, објаснувајќи дека двајца нејзини членови фрлиле на витрината пире од јаболка и кремови.
Групата „Take Back Power“ соопшти дека нивниот протест е за да ги истакнат своите барања владата да ги оданочи супербогатите.
Лондонската полиција соопшти дека четири лица се уапсени по пријавите за оштетување на витрината.
„Тие се уапсени и куќата со скапоцености е затворена за јавноста додека полицијата истражува“, беше наведено во соопштението.
Империјалната државна круна ја носи кралот Чарлс во одредени официјални пригоди, како што е свеченото државно отворање на Парламентот. Ја носеше и кога се врати во Бакингемската палата по неговото крунисување во Вестминстерската опатија во 2023 година.
Тврдината, стара 1.000 години, ја посетуваат повеќе од три милиона луѓе секоја година, а познатите кралски скапоцености, меѓу кои се круната, жезолот, кралската сфера и другите предмети што му припаѓаат на кралското семејство, како што е раскошната облека, се една од главните атракции.
Здружението Historic Royal Palaces, кое управува со лондонската кула, соопшти дека нивниот персонал брзо реагирал на инцидентот. Објектот со кралските скапоцености бил накратко затворен додека полицијата истражувала. Во полициското соопштение се вели дека „не е нанесена никаква штета на крунските скапоцености“.
The post ВИДЕО| Четири лица уапсени во Лондонската кула за фрлање слатки во витрината со Империјалната круна appeared first on NetPress.