Шампионот МЗТ Скопје Аеродром ја оствари осмата првенствена победа. Аеродромци пред својата публика го совладаа гевгелиски Кожув со 101-79.
По израмнетиот прв квартал (22-19), домаќинот во вториот направи 14 поени предност, па на одмор замина со 51-34. И во третата четвртина сино-белите продолжија со ист ритам, па во завршните 10 минути влегоа со +34 (87-53). Последниот период беше чиста формалност, па гевгеличани само успеаја да го ублажат поразот.
МЗТ Скопје, кој е втор на табелата, сега има ,,скор” 8-1, но бод помалку од лидерот ТФТ