Возачот на Мекларен, Ландо Норис е новиот светски шампион во Формула 1.
Во една од најинтересните сезони во последните 10-тина години, Британецот, со само два бода повеќе од Макс Верстапен ја освои својата прва титула.
Последната сезонска трка, возена во Абу Даби, Холанѓанецот, Верстапен ја заврши како прв, но Норис стигна до третата позиција која беше доволна на трофејот. тимскиот колега на Норис, Оскар Пјастри заврши како втор денеска, а трет во генералниот поредок.
Тимот на Мекларен, одамна ја имаше осигурено титулата кај конструкторите, пред Мерцедес и Ред Бул.