Фудбалерите на Силекс и АП Брера победнички го заокружија настапот во есенскиот дел од сезоната во Првата лига.
Двата тима славеа очекувани и лесно победи против двете најслабо рангираните екипи во прволигашката конкуренција.
Во Скопје, екипата на Силекс со 0-3 го победи Работнички и го задржа чекорот со водечкото трио на табелата. Гостите од Кратово поведоа со двата брзи гола на Мартин Мирчевски во 10-тата и 13-тата минута. Веќе во 43.минута беше и 0-3, а стрелец на голот беше Додев.
И екипата на АП Брера очекувано славеше лесно над „фенерџијата„ Шкупи со 1-3.
Силекс кој е четврти на табелата сега има 31 бод, дури 11 помалку од лидерот Вардар, 12 од Струга и пет помалку од Шкендија која е трета. Струмичани се вратија на седмото (сигурно) место на табелата со 19 бодови, но само еден повеќе од Тиквеш кој е во „опасната“ зона. Работнички со седум и Шкупи со само еден бод се главите претенденти за испаѓање во понизок ранг.
Есенскиот дел од сезоната ќе биде заокружен утре си натпреварот Арсими – Пелистер.