Фудбалерите на Барселона впишаа нова победа во шпанската Ла Лига.
На гостувањето во Севилја кај Бетис, а во натпревар од 15.коло, Барса славеше со пресврт со 3-5.
А натпреварот почна фантастично за домаќините. Веќе во шестата минута Бетис со голот на Ентони поведе со 1-0.
Во продолжението на сцена стапи Феран Торес кој со хет-трик го заврши натпреварот. Првите два гола Торес ги постигна за само две минути, 11 и 13 со што го најави пресвртот. Во 31-вата Швеѓанецот, Роби Бардакчи зголеми на 1-3. Торес го комплетира хет-трикот во 40-татат минута.
Ламин Јамал од пенал во 59.минута зголеми на 1-4. До крајот на мечот домаќините преку Љоренте и Родригез го ,,ублажија” поразот на 3-5.