Реал Мадрид претрпе шокантен пораз на „Сантијаго Бернабеу“, губејќи од Селта Виго со 0:2, во меч од 16. коло на шпанското првенство. По овој неочекуван неуспех, Кралскиот клуб само потврдува дека е во резултатска криза, бидејќи има само една победа во последните пет меча.
Тренерот на Реал, Чаби Алонсо потенцираше дека неговите играчи биле летаргични и едноставно не се вложиле целосно, па поразот бил неизбежен. Алонсо вели дека дури откако бил исклучлен Фран Гарсија во 64 минута, играчите на Реал се „разбудиле“ и почнале да играат многу поангажирано. Тренерот на Реал жестоко реагираше кон Фран кој доби два жолти картони во само две минути.
XABI ALONSO AFTER FRAN GARCIA RED CARD 🤬 pic.twitter.com/MGdFMEZOuE
— KinG £ (@xKGx__) December 7, 2025
„Некако бевме подобри на теренот кога бевме со 10 играчи, отколку кога бевме со 11. Кога бевме 11 на теренот, помалку работевме. Со играч помалку барем почнавме повеќе да трчаме и да работиме напорно“, вели Алонсо.
Стратегот на Реал воопшто не размислува за оставка. Алонсо е оптимист дека неговиот тим може да се врати на победнички патеки.
„Дали чувствувам дека имам доволно сила за да ги сменам работите? Дефинитивно да“, без многу размислување потенцираше Алонсо.