Георг Стојановски го постигна својот втор гол во дресот на Спартак Варна, екипа која ја води неговиот дедо Ѓоко Хаџиевски.
Стојановски ја затресе мрежата на еден од најтрофејните и најпопуларни бугарски клубови Левски, во поразот на Спартак од 1-3. Кај Левски, репрезентативецот Никола Серафимов остана на клупата за резерви.
Голот првично беше поништен поради наводен офсајд, но по преглед на снимка стана јасно дека нема недозволена позиција и голот беше признат.
Погледнете го ТУКА.
За 21-годишниот Стојановски почна во школата на Вардар, и сениорското деби му беше во Вардар, а играше и за Работнички, Тетекс, Хата и Шкупи пред да направи трансфер во Бугарија.