Милош Вучевиќ вели дека „нападите врз децата на Вучиќ се дел од планирана и добро осмислена кампања“
Тој додава дека „за реализација на тој план, противниците на режимот го регрутираат најлошото“
Претседателот на СНС и советник на претседателот на Републиката за регионални прашања Милош Вучевиќ денеска изјави дека хрватскиот новинар Домагој Маргетиќ е „патолошки лажго“ и дека ги напаѓа децата на српскиот претседател Александар Вучиќ затоа што „Србија напредува и победува благодарение на Вучиќ“.
Вучевиќ реагираше на своја сметка на мрежата Х на гостувањето на Маргетиќ во подкаст во кој тој тврди дека синот на Вучиќ, Данило „врска и координатор меѓу претседателот на Србија и криминалните кругови“.
– До кога ќе продолжи лудилото на разни идиоти кои окупираа дел од јавниот простор и продолжуваат да го дехуманизираат претседателот Александар Вучиќ и неговите деца и брат Андреј? Сето тоа е дел од една планирана и добро осмислена кампања во која секојдневно се сервираат лаги на тајкунските медиуми и портали низ регионот, така што ако нешто се случи со претседателот и неговото семејство, тоа е нормално затоа што тој е криминален убиец. Тоа е нивниот план. А за негова реализација го регрутираат најлошото. Домагој Маргетиќ е патолошки лажго – изјави меѓу другото Вучевиќ на мрежата Х.
(Танјуг)