Хуманитарна оперска гала-вечер во Велес, ќе се одржи на сцената на Велешкиот театар на 20 декември од 19 часот. Цената на билетот е 1.000 денари, а влезот од влезниците од концертот е за поддршка на лицата со преченост, корисниците на социјалната услуга на услуга „Живеење со поддршка“.
Гостите настапат со популарни оперски арии, новогодишна програма и Божикни песни. Најавени се: Полина Тасева – сопран, Вариса Хајдарпашиќ – сопран, Влатко Груевски – Тенор, Дарко Тодоровски – бас баритон во придружба на Андреј Наунов – пијанист/ диригент, Вероника Караколева – сопран во придружба на Фросина Џини.
Организатор е Здружението за лица со церебрална парализа од Велес.
П. ПЕЧКОВ
Постот ХУМАНИТАРНА ОПЕРСКА ВЕЧЕР ВО ВЕЛЕС НА 20 ДЕКЕМВРИ се појави прво на СМАРТ – СДК МК.