
Поранешниот војник на Ослободителната војска на Косово од Феризај, Бајрам Емини (55) е приведен, а потоа уапсен на граничниот премин Блача. Откако и го доставил документот за идентификација на граничната полиција во Блаце, во системот била истакната меѓународната потерница издадена од Белград, со која бил уапсен и спроведен во полициска станица, додека денеска чека одговорниот судија да донесе решение за ослободување или екстрадиционен притвор.
Официјални извори за весникот Коха.мк посочуваат дека приведувањето и апсењето на поранешниот војник на ОВК од Феризај се случило во петокот попладне, околу 14 часот и 30 минути.
Инаку, неодамнешниот случај на Блерим Рамадани, поранешен војник од оперативната зона Неродиме на ОВК, кој во јули минатата година беше уапсен од северномакедонската полиција во Јажинце врз основа на потерница издадена од Србија.
По неколкудневен екстрадиционен притвор и пуштен во „куќен притвор“ во Чаир, Блерим успеал да побегне од Македонија и илегално да влезе во Косово.