На српската листа има 33 кандидати за пратеници
Носител на листата е претседателот на партијата Златан Елек
Српската листа (СЛ) денеска до Централната изборна комисија (ЦИК) ја достави листата на кандидати за вонредните избори за собранието во Приштина, кои ќе се одржат на 28 декември.
Носител на листата е претседателот на партијата Златан Елек, а на листата има 33 кандидати.
– Тимот се состои од 33 кандидати, постигнати на семеен и професионален план, луѓе со углед и знаењекои уживаат почит од српскиот народ на Косово и Метохија. Заедно одговорни, единствени и во интерес на нашиот народ – ова го објави Српската листа на Инстаграм.
Вонредните избори ќе се одржат на 28 декемврибидејќи по изборите на 9 февруари не беше формирана влада, а на полноќ истече рокот на политичките субјекти за поднесување листи за кандидати за пратеници.
Српската листа е верификувана за изборите со решение на избирачкиот одбор за жалби и претставки, кој ја прифати жалбата на таа партија и ја промени претходната одлука на централната изборна комисија која одби да ја верификува српската листа.
(Танјуг)