
Реал Мадрид победува со 0-1 на гостувањето кај Осасуна, во натпреварот кој важи за 24-та недела во Ла Лига. За Мадрид погоди Мбапе по 15 минути игра, на асистенција на Валверде.
Во меѓувреме, во 39. минута се случи чудна епизода каде Џуд Белингем беше казнет со црвен картон поради жалење до главниот судија и овој не му прости со директно исфрлање од теренот.
Англичанецот претходно направи недозволен удар и му кажа нешто на судијата, а очигледно овој не му прости туку му покажа директен црвен картон. ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ВИДЕОТО
Пред неколку минути и Карло Анчелоти беше казнет поради протест со жолт картон. Исто така во третата минута од натпреварот, Реал побара пенал за играње со рака внатре во просторот, но судијата Хозе Мунуера Монтеро мислеше поинаку.