
Реал Мадрид ремизираше 1-1 на гостувањето кај Осасуна, во меч со многу контроверзи и противење на мадриѓаните кон главниот судија на натпреварот, Хозе Мунуера Монтеро.
Најконтроверзната епизода на натпреварот беше директниот црвен картон на Џуд Белингем. Англичанецот доби црвен картон поради жалење до главниот судија, а овој не му прости со тоа што го исклучи од теренот. Англичанецот претходно направи недозволен удар и му кажа нешто на судијата, а очигледно овој не му прости туку му покажа директен црвен картон.
Во меѓувреме, по мечот, шпанските медиуми ги открија грубите зборови кои Белингам му ги кажал на судијата, а овој директно му го покажал црвениот картон.
Според Relevos, Белингам му се обратил на судијата со крајно навредливи зборови : „Оди си, пиздо“. Во меѓувреме, мадриѓаните како Модриќ и Винисиус Јуниор, кои во тоа време беа многу блиски со Белингем, негираа дека нивниот пријател го навредувал судијата.