Фудбалската федерација на Чешка сака да одбере нов селектор во следните две недели, главен фаворит е Јинджих Трпишовски кој е тренер на Славија Прага, но . доколку тој план не успее, во игра ќе влезе хрватскиот стручњак Славен Билиќ.
Поранешниот хрватски репрезентативец и селектор се споменуваше и како можен кандидат за клупата на македонската репрезентација, а ако ја преземе Чешка, може да ни биде ривал во финалето од баражите за СП 2026, бидејќи ако Македонија ја победи Данска, а Чесите бидат подобри од Ирска, против нив би го играле решавачкиот меч за пат на Мундијалот.
За изборот на чешки селектор задолжен е менаџерот на репрезентацијата Павел Недвед, а од странците, освен Билиќ, на списокот на легендата Недвед е и Јирген Клинсман.