
Вкупно осум лица се под истрага на Основното обвинителство во врска со убиството што се случи ноќта меѓу 10 и 11 февруари во скопско Чаир.
За шестмина од нив се води истрага за учество во кривични дела убиство и убиство во обид, а против други две лица е постапката за помагање во извршување на кривичното дело бидејќи по инцидентот сокриле два пиштоли помагајќи им на дел од осомничените да избегнат откривање, јавува ТВ21.