Не е издадено предупредување за цунами, но е забележана помала материјална штета
Зградата на болницата во Северо-Курилск е оштетена откако пукна цевка
Полуостровот Камчатка на далечниот исток на Русија денеска беше погоден од земјотрес со јачина од 6,0 степени според Рихтеровата скала, соопшти за регионот Генералната управа на руското Министерство за вонредни ситуации.
– Според податоците на огранокот на Камчатка на Геофизичката служба на Руската академија на науките, забележлив последователен потрес по сеизмичкиот настан на 30 јули е регистриран во Тихиот Океан во попладневните часови на 8 декември – наведе службата, пренесува РИА Новости.
Епицентарот на земјотресот тој беше на отворено море во Тихиот Океан, на длабочина од 15 километрина растојание од 211 километри југоисточно од градскиот округ Петропавловск-Камчатски.
Не е издадено предупредување за цунами, но забележана е помала материјална штета. Оштетена е зградата на Централната окружна болница Северо-Курилска во регионот Сахалин, каде пукна цевка за греење.
Земјотресот што го погоди регионот на 30 јули беше еден од најсилните од 1900 годинасо јачина од 8,8 степени според Рихтеровата скала, потсетува РИА и додава дека, оттогаш, научниците секојдневно снимаат последователни потреси.
(Танјуг)