
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека планот на американскиот претседател Доналд Трамп за преселување на Палестинците од Газа претставува голема закана за светскиот мир.
Говорејќи на индонезиската телевизија Нараси, Ердоган се осврна на планот на Трамп да отстрани повеќе од 2 милиони Палестинци од Појасот Газа, да ја потврди американската контрола над него и да го претвори во „ривиера на Блискиот Исток“, пишува Ројтерс.
„Одлуката на Трамп да склучи таков договор со убиец како израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја гледам како голема закана за светскиот мир“, рече Ердоган.
„Во моментов никој не може да им ја одземе Газа на Палестинците, на Газаните. „Храброста да се направи нешто вакво е, пред сè, многу голема закана за светскиот мир“, додаде турскиот лидер.
Ердоган, исто така, рече дека не ги смета за точни изјавите на Трамп, кои претставуваат, како што рече, „предизвик за многу земји во светот“.