
Лидерот на Демократското движење, дел од владината коалиција – ВЛЕН, Изет Меџити од партискиот митинг во скопски Бутел упати јавен апел до подмладокот на Демократската унија за интеграција, јавува ТВ21.
Како што рече Меџити, „ЛД е вистинскиот дух на ДУИ“ и дека младите треба да станат „дел од оваа партија, ВЛЕН, бидејќи оваа формација ќе ја води албанската политика во Северна Македонија“.
„Вистинскиот дух на ДУИ е во рамките на Демократското движење, така што на обичниот член, посветениот член, на оние млади и девојки кои направија политичка, административна кариера, не им беше дадена можност, затоа доаѓаат секој ден и секојдневно ги поканувам – нека дојдат и нека станат дел од Демократското движење, дел од ВЛЕН затоа што ова е политичката формација на албанската политика што од сега ќе ја води Република Македонија.