1 минута за читање
Американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе воведе дополнителна царина од 5% за Мексико, велејќи дека земјата „продолжува да го крши“ договорот за вода меѓу САД и Мексико од 1944 година.
Според договорот од 1944 година, Мексико мора да им обезбеди на САД 2,16 милијарди кубни метри вода од реката Рио Гранде на секои пет години преку систем на меѓусебно поврзани брани и акумулации.
„Мексико сè уште им должи на САД …затоа што не го почитувале нашиот договор во текот на изминатите пет години. САД бараат Мексико да ослободи 2,16 милијарди кубни метри водадо 31 декември, а остатокот ќе дојде кратко потоа“, напиша Трамп на Truth Social.
Повикувајќи се на потребите на американските земјоделци, Трамп рече дека одобрил документација за воведување царина од 5% „доколку оваа вода не се ослободи ВЕДНАШ“, нагласувајќи дека Мексико „има обврска да го НАПРАВИ ТОА СЕГА“.
Мексиканските власти редовно ги наведуваат историските суши предизвикани од климатските промени како пречка за исполнување на нивните обврски за вода, забележа Ројтерс.
Договорот беше во центарот на дипломатски проблеми во минатото поради доцнења во испораките, како и протести на мексиканските земјоделци загрижени за влијанието на сушата врз нивните посеви.