Втората половина на првото и првата половина на второто полувреме беа клучниот период во кој Еурофарм Пелистер ја направи разликата која му донесе злато вредна победа над Вардар од 28-23 во дербито на ракометната Суперлига на Македонија.
Овие 18 голови се најнеефикасната игра на вардарци сезонава и тука лежи одговорот на прашањето зошто го претрпеа првиот пораз после 15-те победи по ред. Досега најмалку голови што имаа дадено им беше 28.
Двократниот европски првак остана лидер на табелата, но сега има само два бода предност пред битолчани.
Вардар почна добро, имаше и предност од три гола разлика (8-5), но домашните со серија од 8-2 го затворија првото полувреме и на пауза заминаа со плус три. Тимот на тренерот Звонко Шундовски постепено ја зголемуваше предноста, имаа и шест гола предност и го одлучија победникот.
Се покажа дека пресуди тоа што домашните имаа повеќе расположени играчи. Голманот Хеидаридад со 12 одбрани беше „икс фактор“ на мечот, како и прецизно изведените пенали на Радивојевиќ и погодоците на Пешевски од пикерската позиција.