
Кунде остана на клупата за резерви поради доцнењето, а останува да видиме дали Флик ќе му даде шанса за игра за време на натпреварот.
Тренерот на Барселона, Ханси Флик воведе јасни правила во каталонскиот гигант и строго ги казнува сите кои нема да ги почитуваат, па така најнова жртва беше Жил Кунде.
Дефанзивецот задоцнил на собирот пред натпреварот меѓу Барселона и Рајо Валјекано, а тоа му бил втор пат да доцни, по што Флик реши да го казни.