
Ѓоковиќ смета дека е целосно загубена довербата во анти-допинг агенцијата по санкцијата која ја добил Синер.
„Тоа е главна тема со месеци. Вистински шок. Ига Швјонтек исто така беше суспендирана, а никој не знаеше за тоа, и тоа надвор од сезона кога немаше турнири. Очигледно дека има сè помалку доверба во агенцијата. Имаме ситуација во која еден врвен тенисер може да си дозволи надјобри адвокати и така да се избори за најдобра казна. Така ми делува на мене“, кажа Ѓоковиќ.