
Во овој клуб, таа замина на само 18 години, во 2015 и остана досега со тоа што пред две сезони потпиша договор со кој стана најплатена одбојкарка во светот. Нејзината плата оттогаш изнесува 2,9 милиони евра, односно 1,45 милиони по сезона.
Договорот истекува претстојното лето, а Бошковиќ, како што тврдат специјализираните одбојкарски портали низ Европа, ќе ја прифати понудата за трансфер во Вакифбанк. Финансиските услови од новиот договор не се објавени, но логично е платата да биде уште поголема од онаа во Егзачибаши.
За 10 години во овој клуб, Бошковиќ освои три титули во Суперкупот на Турција, 2 во ЦЕВ Купот и еден Куп на Турција, но интересно е тоа што нема шампионска титула во оваа земја. И сезонава Егзачибаши заостанува четири бода зад лидерот Фенербахче и покрај тоа што двете екипи имаат ист биланс – 18/3. Разликата е во натпреварите кои завршуваат со 3-2 бидејќи во таков случај победникот добива два, а поразениот еден бод.